Арсенал најмногу потроши на засилување во Премиер лигата

Клубовите во англиската Премиер лига потрошиле ова лето милијарда и 534 милиони евра на играчки засилувања, што е за само 21 милион евра помалку од рекордната 2017 година.

На засилувањата најмногу потрошил Арсенал, околу 167 милиони евра. „Топчиите“ ги доведоа бековите Киран Тирни од Селтик, и Давид Луиз од Челзи, потоа играчот од средниот ред Дани Себаљос кој дојде на позајмица од Реал Мадрид, 18-годишниот бразилски напаѓач Габриел Мартинели од Итуано, а најскапото засилување во историјата на клубот е напаѓачот од Брегот на слоновата коска Николас Пепе, кој од Лил дојде за 79 милиони евра.

Урнат е, исто така, рекордот кога станува збор за најскапите одбранбени играчи на светот. Штоперот на Лестер, Хари Мегваер мина во Манчестер Јунјатед, кој за него плати 86 милиони евра. Со тоа е надминат претходниот рекорден трансфер на Виргил ван Дијк, кој од Саутемптон мина во Ливерпул а 75 милиони евра.