Арсенал остана без Европа, Челзи и Ливерпул во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Ливерпул и Челзи ги заземаа третото и четвртото место на табелата по одигрувањето на последното коло во англиското првенство, со што изборија настап во Лигата на шамионите, додека славниот Арсенал како ретко кога не обезбеди настап следната сезона во ниедно континентално натпреварување.

Ливерпул на својот „Енфилд Роуд“ со головите на Садио Мане го совлада незаинтересираниот Кристал Палас со 2:0, додека Челзи беше поразен кај Астон Вила со 1:2, но му помогна градскиот ривал Тотенхем кој победи со 4:2 на гостувањето кај Лестер Сити.

Во извонредниот натпревар Лестер двапати беше во водство со головите на Џејмс Варди од пенал, во 18 и 52 минута, но Тотенхем со погодоците на Хари Кејн во 41 и Гарет Бејл, во 87 и шестата минута од судуиското продолжение на мечота, а во меѓувреме во 76 минута голманот Шмајхел си постигна автогол, дојде до седмото место и до пласман во новото европско натпреварување Конференциската лига.

Во фудбалска Европа се пласираше и Вест Хем кој со 3:0 го победи Саутемптон, додека новиот шамион Манчестер Сити со 5:0 го демолираше Евертон,

Арсенал со 2:0 го победи Брајтон и до 87 минута од мечот беа пласитени во Европа, но тогаш Бејл во Лестер погоди за водството на Тотенхем.

Во другите натпревари Фулам беше поразен со 0:2 дома од Њукасл Јунајтед, Лидс Јунајтед со 3:1 дома го совлада Вест Бромвич Албион, Манчестер Јунајтед со 2:1 славеше кај Вулверхемптон, а Шефилд Јуанјтед со 1:0 го совлада Барнли.