Арсенал по повеќе од еден век со ист ефект

Англискиот фудбалски великан кому во последниот период не му оди според очекувањата и натаму бележи очајни резултати поради кои со 31 бод е на десеттото место , поблиску до зоната на испаѓање од Премиер лигата, отколку до пласман во европските натпреварувања.

Арсенал во 25-те кола впиша само шест победи, најмалку победи во последните 107 години, и се само на седум бода од излез од лигата. Последниот пат помалку од шест победи во првите 15 кола, Арсенал имал во сезоната 1912/13 година, кога испаднал од елитното англиско натпреварувања. Тогаш во првите 25 кола запишал само една победа, а до крајот на сезоната три, завршувајќи го првенството на последното место.

Сезонава Арсенал ги победи само Њукасл, Барнли, Астон Вила, Борнмут, Вест Хем и Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот стручњак Унаи Емери кон крајот на ланскиот ноември доби отказ, а наместо него екипата ја презема Микел Артета. Напредокот во играта е забележителен, но не и кога станува збор за резултатите.

„Мораме во текот на натпреварите да го покажеме она што го работиме на тренинзите. Мораме да го подобриме квалитето на играта“, порача Артета.