Арсенал поразен дома, Јунајтед со пресврт до гостинска победа, бескрвно дерби на Челзи и Тотенхем

Во последниот меч од десеттото коло на англиското фудбалско првенство во неделата вечерта Арсенал дома беше поразен од Вулверхемптон, Манчестер Јунајтед направи голем пресврт и оствари гостинска победа кај Саутемптон, а во лондонското дерби Челзи и Тотенхем одиграа без голови.

На „Емирејтс“ Вулверхемптон поведе во 27 минута со погодокот на Педро Нето, но само по три минути за „Тобчиите“ израмни Габриел. Сепаk, гостите со голот на Даниел Поденсе во 42 минута заминаа на одмор со предност која ја зачуваа до крајот на мечот.

Мечот го одбележа и повредата на мексиканскиот напаѓач на гостите Раул Химезен по којашто заврши во болница. Тој во петта минута по изведено корнер со глава се судри со домашниот стопер Давуд Луиз и остана да лежи на треавата без вест. Веднаш му беше пружена медицинска помош и му бише даден кислород. Луиз мина многу полесно и со чалма на главата го продолжи мечот.

Арсенал со овој пораз ја продолжија серијата лоши резултати и освоен само еден бод во последните три првенствени кола. Со тоа едена од најтрофејните англиски клубови моментално од 30-те можни бодови не освои ниту половината, односно има 13 бодови со кои е на 14-то место. Вулверхемтон со оваа победа ги потврди своите амбиции да се излезе на европската сцена и моментално е позиција зад тие места , шести е со 17 бодови.

Во дербито на колот од кое се очекуваше жесток фудбал, беа создаени малку прилики кои може да се оценат како шанси за погодок. Челзи на својот „Стемфорд Бриџ“ одигра без голови со Тотенхем. Со овој бод, Тотенхем се врати на првото место, но со ист број бодови како и второпласираниот Луверпул, и двата клуба имаат по 21 бод. Чекзи е трет со 19 бодови.

Фудбалерите на Саутемптон, кои имаа серија од пет победи и две ремија во првиот неделен натпревар имаа добра можност да напредуваат и до третата позиција на табелата, но го испуштија водството до 2:0 на свој терен против Манчестер Јунајтед.

Домашните на полувреме отидоа со сигурна предност оставеран со головите на Јан Беднарек во 23 кој погоди со глава откако одлично на првата статива нафрли Џејмс Вард-Проус. Асистентот за првиот погодок на „Светсците“ десет минути повторно беше во главата улога и покажа дека во моментов е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари на свеот. Овојпат погоди од 20 метри откосо, и ова му е трет погодок од слободен удар сезонава во Премиер лигата, два постигна пред еден месец во победата од 4:3 над Астон Вила.

Но на почетокот од второто полувреме меанџерот на „Црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер во игра го воведе зазилувањето од ПСЖ, искусниот уругвајски голгетер Единсон Кавани, што се покажа клучен момент на мечот. Кавани во 59 минута го проигра Брино Фернандеш кој го намали заостанувањето, а во 74 минута Кавани итро од заднина влета на нафрлување пред домашниот петерец и со глава израмни на 2:2. И кога се очекуваше буквално последниот свиреж на судијата, во третата минута од судиското продолжение уште еднаш погоди за глава за победа на Јунајтед.

Јунајтед со победата направи голем скок на табелата до осмото место со 16 бодови, сега само бод помалку од Саутемптон кој остана на петтото место, последното кое води во европските купови следната година.