Арсенал преку Шефилд во полуфиналето на ФА Купот

30

По Манчестер Јунејтед, и фудбалерита на Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот ФА Куп, откако во неделниот четврфтинален дуел на гости со 2:1 го совлада Шефилд Јунајтед,.

Победничкиот погодок за лондонските „Топчии“ го постигна Дани Себаљос во првата минута од судиското продолжение на мечот. Арсенал поведе во 25 минута од пенал за кој се избори Александер Лаказет а го реализираше Николас Пепе. Во самиот финиш Шефилд успеа да израмни на 1:1, а стрелец беше напаѓалот Дејвид Мекголдрик во 87 минута. Кога се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија од една полуконтра погоди Себаљос, кој настапува како позајмен играч од мадриски Реал.

Шефилд Јунајтед дури во четвртиот натпревар по корона-паузата успеа да постигне погодок. Претходно во Премиер лигата загуби од Манчесетер Јунајтед со 0:3 и од Њукасл со 0:3 а со Астон Вила одигра без голови.

Ден претходно Манчестер Јунајтед влезе во полуфиналето откако се намачи на гости кај последнипласираниот клуб во првенството Норич, совладувајќи го со 2:1 во продолженијата, и тоа со голот во 118 минута на стиперот Хари Мегваер.

Подоцна во неделата се играа пртеостанатите два четвртфинални дуели во кој се среќаваат Лестер – Челзи и Њукасл – Манчестер Сити.

Полуфиналените двојки ќе бидат познати по жребувањето а дуелите ќе се одиграат на 18-ти и 19-ти јули. Финалниот натпревар е закажан за 1-ви август.

Актуелен победник во најстарото фудбалско натпреварување во светот е тимот на Манчестер Сити. Арсенал, пак, има најмногу трофеи – 13.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.