Арсенал прв четвртфиналист во ФА Купот

Играчите на Арсенал се првите четвртфиналисти на годинешното издание на најстарото клупско натпреварување во фудбалскиот свет, англискиот ФА Куо, откако во осминафиналето во понеделникот како гости го совладаа третолигашто Портсмут со 2:0.

Отпорот на домашните го скрши во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме Сократис Папастатопулос, а на почетокот од вториот дел, во 51 минута погоди и Едвард Нкетиа.

Во вторник играат Челзи – Ливерпул, Рединг – Шефилд Јунајтед и Вест Бромвич Албион – Њукасл, а во среда Лестер Сити – Бримингем Сити, Шефилд Вендсдеј – Манчестер Сити и Тотенхем – Норич Сити, додека Дерби Каунти и Манчестер Јунајтед ќе играат во четврток.

Четвртфиналето е планирано за 21 и 22 март, а жртепката ќе се одржи на 4 март.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.