Арсенал ремизираше кај Брајтон, Лестер се проби на второто место

Фудбалерите на Лестер Сити избија на второто место на табелата на англиското првенство откако со 2:1 на гости го совладаа Брајтон енд Хоув Албион во последната саботна средба од 27-то коло.

Брајтон поведе уште во 10 минута со голот на Адам Лалана, но во вториот дел прво во 62 минута израмни Келечи Ихеаначо а победата на „Лисиците“ им ја осигури Даниел Амарти во 87 минута кога искористи голема грешка на домашниот голман Санчез кој погрешно го процени летот на топката по нафрлувањето од корнер.

Второпласираниот Лестер сега има 53 бодови, два повеќе со меч повече од третиот Манчестер Јунајтед, а 12 помалку со исто така натпревар повеќе од водечкиот Манчестер Сити. Брајтон остана на 16-то место со 26 бодови, колку што има и 17-от Њукасл Јунајтед, додека 18-от Фулам кој се наоѓа во зоната на испањето има 23 бодови.

 

Во првиот саботен дуел Барнли и Арсенал одиграа без побеник 1:1. Лондонските „Топчии“ поведоа уште во 6 минута, кога ударот на Пјер-Емерик Обамејанг домашниот голман Поуп не успеа да го сврти во корнер. Домашните, пак, израмнија по несфатливата грешја на Гранит Џака, кој сакаше преку својот шеснаесетник да го проигра Давид Луиз, но го погоди Крис Вуд од кого топката се одби во небранетата мрежа. Арсенал во продолжението одеше во ново водство, неколкупати бараа и пенал поради играње со рака на домашните одбранбени играчи но не добија најстрога казна, па резултатот остана непроменет.

Арсенал е 10-ти на табелата со 38 бодови, а Барнли е 15-ти со 30 бодови.

 

Астон Вила одигра без голови дома со Вулверхемтон, па остана на деветтото место сега со 40 бодови, а Вулверхемтон е 12-ти со 35 бодови.

 

Саутемтон оствари гостинска победа од 2:0 кај фенерџијата Шефилд Јунајтед, а стрелци беа Џејмс Вард-Проус од пенал во 32 и Че Адамс во 49 минута. Саутемптон сега е 14-ти со 33 бодови, десет од опасната зона, а Шефилд и натаму е последен со 14 бодови, и е речиси без шанси да го задржи прволигашкиот статус.

 

Неделната програма го носи големото градско дерби во Манчестер меѓу „Граѓаните“ и „Црвените ѓаволи“. Покрај овој меч се играат уште и дуелите Вест Бромвич Албион – Њукасл ЈУнајтед, Луверпул – Фулам и Тотенхем – Кристал Палас.

Колото во понеделник ќе го заокружат два интересни дуела во кои се среќаваат Челзи – Евертон и Вест Хем Јунајтед – Лидс Јунајтед.