Арсенал се разбуди против Њукасл, гостинска победа на Тотенхем

Фудбалерите на Арсенал во енделата на својот терен во 26-то коло од анлгиската Премиер лиг го совладаа Њукасл со 4:0, што е нивна само втора победа во последните осум првенствени натпревари под водството на новиот тренер Микел Артета.

По првиот дел без погодоци, стрелци за „Топчиите“ во вториот дел беа Пјер-Емерик Обамејанг во 54, Никлас Пепе во 57, Месут Езил во 90 и Александр Лаказет во петтата минута од судиското продолжение.

Арсенал со трите бода се зацврсти на десеттото месо со 34 бодови, колку што има и следниот Барнли. Њукасл остана на 31 бод и сега е на 13-то место.

Тотенхем на гостински терен со 3:2 ја совлада Астон Вила, а победничкиот погодок беше постигнат во судиското продолжение.

Астон Вила дојде во водство откако гостинскиот стопер Тоби Алдервирелд во 9 минута со несмасна рекција ја смести топката во сопствената мрежа. Но успеа да се оправда во 27 минута, кога после корнер погоди за израмнување на 1:1. Во втората минута од судиското продолжение од првото полувреме Тотенхем направи пресврт откако претходно беше досуден пенал. Голманот на Вила, Пепе Реина го одбрани ударот на Сон Гиенг-мин, но топката се одби до Кореецот кој од вториот обиде беше успешен. Домашните успеаја да израмнат во 53 минута, кога Џек Грејлиш изведе корнер, а соперот Бројн Ингелс поентираше со глава, а во четвртата минтуа од судиското продолжение Сон ја искористи лошата реакција на домашната одбрана и им донесе победа на „Спарс“.

Тотенхем е петти со 40 бодови, бод зад градскиот ривал Челзи кој има и меч помалку, а бод повеќе од шестиот Шефилд Јунајтед. Астон Вила е 17-та со 25 бодови, еден повеќе од Вест Хем и Вотфорд кои се на позициите кои водат во втората лига.