Арсенал со гол во 90. минута го победи Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Арсенал го доби дербито против Манчестер јунајтед со 3-2 на „Емирати“ во рамки на 21. коло во англиската Премиерлига и така се врати на пет бодови предност пред Манчестер сити, со тоа што има одиграно и еден меч помалку од ривалот.

„Ѓаволите“ имаа добар почеток на натпреварот и водство со голот на Маркус Рашфорд во 17. минута, но набрзо Еди Нкетија ја затресе мрежата на Давид Де Хеа за 1-1.

Избраниците на Микел Артета стигнаа до пресврт во 53. минута кога Букајо Сака погоди за 2-1, но шест минути подоцна Лисандро Мартинез стрелаше за 2-2 и ги врати „ѓаволите“ во битка за три бода.

Арсенал се закани уште неколку пати, но Де Хеа беше на висина на задачата сè до 90. минута, кога Нкетија испрати една топка во мрежата на шпанскиот голман за триумф на „топчиите“ од 3-2.

Фудбалерите на Арсенал остануваат лидери во Премиерлигата со 50 бодови, односно пет повеќе од Манчестер сити, по што следат Њукасл и Манчестер јунајтед со по 39 бода.