Арсенал со пресврт до триумф во лондонското дерби, Јунајтед не го дава второто место

Во дербито од 28-то коло на англиското фудбалско првенство во големиот лондонски дуел Арсенал го победи Тотенхем со 2:1, правејќи целосен резултатски пресврт, a Манчестер Јунајтед ја задржи втората позиција.

Кога Ерик Ламелал, кој во раната фаза до дуелот во 19 минута го замени повредениот Сон Хеунг-мин, во 33 минута со дрскиот „рабон“ (нога од зад нога) од 14-ина метри откосо од противничкиот гол го доведе Тотенхем во водство се чинешен дека во продолжението ќе следи препознатливото за оваа сезона тонење на Арсенал. Сепак, „Топчиите“ успеаја да направат пресврт со головите на Мартин Одегард во 33 и Александер Лаказет од пенал во 64 минута. Претходно Арсенал имаше две стативи, во 16 минута на Емил Смит Роув кој гаѓаше во пречката, а во 37 минута Седрик Соарес ја погоди десната статива.

Ламела од херој стана трагичар откако во 76 минута доби евтин жолт картон откако ја употреби непотребно раката во дуелот со Киран Тирни, со што во завршницата го лиши Тотенхем од шансата со повеќе сила да јуриша на израмнување.

Во 83 минута Хари Кејн израмни но погодокот беше поништен поради офсајд, а во 89 година најдобриот стрелец на „Спарс“ од слонбодан удар ја погоди стативата, а само минута подоцна Давинсон Санчез имаше голема шанса за израмнување но еден од одрбанбените играчи на Арсенал ја изби топката од гол-линијата. но еден од одрбанбените играчи на Арсенал ја изби топката од гол-линијата.

Тотенхем остана на седмата позиција со 45 бодови, три помалку од позициите кои водат во европските купови, а Арсенал кој на прекина серијата од пет сега скокна на 10-то место со 41 бод.

 

Во последниот неделен натпревар Манчестер Јунајтед со автоголот на Крег Дејвсон во 53 минута на својот „Олд Трафорд“ го совлада Вест Хем Јунајтед кој 13 гостувања со ред нема победа на овој стадион.

Манчестер Јунајтед по неколку часа се врати на втората позицуја со 57 бодови, 14 помалку од водечкиот градски ривал Манчестер Сити. Вест Хем Јунајтед остана на петтата позиција од која оди во Лига Европа со 48 бодови, три помалку од четвртиот Челзи од кого има и меч помалку а лондонците ја држат последната позиција која води директно во Лигата на шампионите.

Лестер Сити немаше проблеми со речиси сигурниот патник во втората лига Шефил Јунајтед. „Лисиците“ славеа со 5:0, со трите погодоци на Келечи Ихеаначо, во 39, 69 и 78 минута, а погодок постигна и Ајоза Перез во 64 додека во 80 минута својот гол го погоди Итан Ампаду.

Лестер останува на трето место со 56 бодови, бод зад Манчестер Јинајтед на второто место и 15 помалку од водечкиот Манчестер Сити. Шефилд е последен 20-ти со 14 бодови 14 помалку од зоната на опстанок.

 

Брајтон со 2:1 кај Саутемптон постигна важна гостинска победа во напорите да се оддалечи од зоната на испаѓање. За гостите погодија Луис Данк во 16 и Леандро Тросард во 56 минута, а за домашните погоди Чи Адамс.

Саутемптон се одржа на 14-то место со 33 бодови, а Брајтон сега е 16-ти со 29 бодови, три повеќе од опасната зона.