Арсенал спаси бод во судиското продолжение

49

Во последниот натпревар од осмото коло на англиското фудбалско првенство во понеделникот вечерта Арсенал и Кристал Палас на стадионот „Емирејтс“ одиграа 2:2, а „Топчиите“ спасија бод со голот постигнат во петтата минута од судиското продлжение на мечот.

Со ремите Кристал Палас ја продолжи својата низа без пораз на стадионот на Арсенал на четири натпревари во коишто трипати ремизираше и еднаш победи.

Дуелот започна добро за „Топчиите“, откако веќе во 7 минута Пјер-Емерик Обамејанг ги доведе домашните во водство. Ова беше неговиот 91-ви погодок за Арсенал во 156 настапи.

Упорниот Кристал Палас успеа да изрмани во 50 минута со голот на Кристијан Бентеке, а резултатски пресврт направи Одсоне Едуард во 73 минута. И кога веќе се мислеше дека екипата на Патрик Виера кој мина девет години во дресот на Арсенал ќе впише три бода, Александр Лаказет во петтата минута од продолжението погоди за конечните 2:2.

Арсенал во моментов е на 12-то место со 11 бодови, додека Кристал Палас е на 14-та позиција со три бода помалку.

Табелата во Премиер лигата ја предводи Челзи со 19 бодови, бод повеќе од Ливерпул и два од Манчестер Сити, додека изненадувањето Брајтон енд Хоув Албион и Тотенхем имаат по 15 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.