Арсенал успеа да го совлада Евертон

Во последниот натпревар од шестото коло на аглиското фудбалски првенство, Арсенал на својот „Емирејтс“ го совлада Евертон со 2:0 (0:0)/

Заслугите за победа на „топчиите“ одат подеднакво кај стелците на головите Лаказет во 56 и на Обамејанг во 59 минута, на асистентот на двата погодоката Аарон Ремзи и на домашниот голман Петр Чех кој имаше шест одлични интервенции со кои го оневозможи стрелците на Евртон. Делумно заслугите им припаѓаат и на судиите коишто не досудија очигледен офсајд кога Обамејанг го удвои водството на Арсенал.

Претходно во неделата Вест Хем и Челзи одиграа 0:0, со што екипата на Маурицио Сари ги загуби првите бодови во новата сезона и го остави на врвот осамен Ливерпул со максимален ефект од 18 поен. Актуелниот првак Манчестер Сити е втор со 16 бодови, колку што има и Челзи.

Арсенал дојде до 6-то место со 12 бодови, Евертон пак е 12-ти со 6 бодови, додека Вест Хем Јунајтед е 16-ти со четири бодови.

Во саботата беа одиграни мечевите: Барнли – Бурнемут 4:0, Кардиф – Манчестер Сити 0:5, Кристал П. – Њукасл 0:0, Лестер – Хадерсфилд 3:1, Ливерпул – Саутемптон 3:0, Манчестер Јунајтед – Вулверхемптон 1:1, Брајтон – Тотенхем 1:2 и Фулам – Ватфорд 1:1.