Арсенал во финишот испушти победа над Тотенхем, Сити го мина Ливерпул

Во големото лондонско дерби од 29-то коло од англиското фудбалско првенство, Арсенал и Тотенхем одиграа без победник 1:1, со што „Спарс“ ја задржаа преднсота од четири бодови пред „Топчиите“.

Поведе Арсенал, кој условно беше гостин на овој дуел, во 16 минута преку Арон Ремзи, а израмни Хари Кејн во 74 минута од пенал на кој се чини му претходеше недоволена позиција на најдобриот стрелец на Тотенхем. Ова беше деветти гол на Кејн во дербито на северен Лондон, со што го мина Емануел Адебајор кој на средбите меѓу Тотенхем и Арсенал постигнал осум погодоци. Во последната минута од мечот, гостите можеа да дојдат до трите бода по, исто така, сомнително досуден пенал, но Уго Љорис го одбрани ударот на Пјер-Емерик Обамејанг кој веднаш потоа не погоди од само половина метар пред противничкиот гол.

Ова беше првото реми на Тотенхем оваа сезона, откако до овој натпревар забележа 20 победи и осум порази. Интересно е што во последните 16 дуели меѓу Тотенхем и Арсенал само еднаш славел гостинскиот тим, и тоа Арсенал во март 2014 година.

Тотенхем и натаму е трет со 61 бод, а Арсенал има 57, додека првите две места ги држат Ливерпул со 69 и Манчестер Сити со 68 бодови.

Актуелниот шампион Манчестер Сити на гости минимално со 1:0 го совлада Борнмут, со голот на Ријад Махрез во 55 минута. Сити привремено изби на првото место на Премиер лигата, има два бода повеќе од Ливерпул кој во недела во „Мерсисајд дербито“ гостува кај Евертон. Борнмут, пак, е 12-ти со 34 бодови.

Пол Погба во четвртата минута од судиското продолжение не искористи пенал, но по негова среќа тоа не влијаеше на конечниот резултат од дуелот на „Олд Трафор“ во кој неговиот Манчестер Јунајтед со 3:2 и со пресврт го совлада Саутемптон. Со тоа продолжи серијата успеси во Премиер лигата под водство на Оле Гунар Солскјер, од 10 победи и 2 ремија.

Првпат гостите поведоа во 26 минута преку Јан Валери, а домашните зрамнија преки Андреас Переира во 53 минута. „Црвените ѓаволи“ повредоа по само шест минута со првиот гол на Ромелу Лукаку, а израмни Џејсм Вард-Проус во 75. Вториот погодок на Лукаку во 88 минута му ги зачува бодовите на Јунајтед кој сега има 58 бодови, со кои е на четвртото место, три помалку од третиот Тотенхем, а еден повеќе од петтиот Арсенал. Саутемптон остана на 27 бодовим, на 17-то место, само два бода повеќе од првата позиција која води во понизок ранг.

Барнли, кој по божикните празници нанижа пет победи и три ремија, го запиша вториот пораз во последните пет дена, а дома беше поразен од Кристал Палас со 1:3. Гостите поведоа во 15 минута со автоголот на Фил Бердсли, зголеми во 48 минута Мичуи Батшуаи а победникот беше познат во 76 минута кога третиот гол за Палас го постигна Вилфред Заха, а почесниот погодок за домашните во последната минута го постигна Ешли Барнс.

Кристал Палас се искачи на 13-то место со 33 бода. Барнли, пак, остана на 30 бодови и на 16-то место, пет повеќе од 18-та позиција која води втората лига.

Вулверхемптон со двата брзи гола на Јота во 16 и Раул Хименез во 19 минута, дома го совлада Кардиф Сити. Вулверхемптон се на високото седмо место со 43 бодови, што им гарантира настап во европската лига, три бодови повеќе од осмиот Вотфорд со меч помалку. Кардиф Сити остана 18-ти со 25 бодови, и ќе го брка Саутемптон за спас во Премеир лигата.

Брајтон со голот на Флорин Андоне во 79 минута во дуелот со отпишаниот Хадерсфилд на домашен терен дојде до важни три бода во борбата за опстанок. Сега има 30 бодови на 15-то место, пет повеќе од опасната зона, а Хадерсфил е 20-ти со само 14 бодови.

Вечерва Весте Хем го дочекува Њукасл, а во недела се среќаваат Вотфорд – Лестер, Филам – Челзи и Евертон – Ливерпул.