Арсенал заврши работа, на ред е Ливерпул и Манчестер С.

Многу полесно од очекуваното, со убедливата победа од 4:0 во дуелот со второлигашот Ковентри, фудбалерите на Арсенал обезбедија пласман во следното, 5. коло од англискиот ФА Куп.

Два погодока на натпреварот постигна германскиот интернационалец Лукас Подолски, а во листата на стрелци се запишаа и репрезентативците на Франција и Шпанија, Оливие Жиру и Санти Казорла.
Нисколигашот Борнемаут денеска не би требало да биде некоја посериозна пречка за фудбалерите на Ливерпул, а убедлив триумф во дуелот против екипата на Ватфорд, се очекува од најголемиот фаворит за освојување на победничкиот пехар, тимот на Манчестер Сити.

Денеска на програмата: Борнемаут – Ливерпул, Бирмингем – Свонси, Болтон – Кардиф, Манчестер С. – Ватфорд, Сандерленд – Киндерминстер, Виган – Кристал Палас, Стивниџ – Евертон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.