Арсовска: Ако владата нема долгорочни планови за стопанството, бројката на невработени ќе се зголеми

„Ние се уште не сме стигнати во фаза на опоравување, за жал. Претпријатијата се уште во фаза на преживување“,посочи Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори при своето гостување во „Топ Тема“.

Арсовска додаде дека мерката за стопанствениците од Владата веќе е многу задоцнета.

„Грешката во Владата е што нема долгорочни планови за стопанството. Веруваме дека доколку се преземат одредени чекори, да се направи ова, дека сите овие процеси ќе бидат подолгорочни, меѓутоа и ќе бидат развојни. А, не само да се цели на тоа секој месец да се преживее, односно да се направи нешто за да може да се помине месецот“, нагласи Арсовска.

Арсовска посочи доколку владата не донесе мерки за да се помогне на стопанство се очекува тогаш поголем број на невработени граѓани. Бројката од 30.000 може да се зголеми поради неефикасните мерки кои не помогнаа на стопанствениците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.