Арсовска: Бројот 82 ќе донесе промени за модерно Скопје, за промени уште во првиот круг

Драги скопјани, од вас го барам Вашиот глас на 17ти октомври, јас да бидам Вашиот претставник во градот Скопје, да бидам Ваш градоначалник и Ве повикувам, заедно обединети во недела масовно да излеземе и да го дадеме гласот за бројот 82, истакна Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

На Скопје му е потребна визија и заслужува градоначалник кој посветено ќе работи во интерес на граѓаните.
Ние, граѓаните на Скопје, заслужуваме модерен, уреден, функционален европски град со чист воздух и здрава животна средина. Заслужуваме метропола со квалитет на живот како во развиените европски метрополи.
Доста беше чекање, доста слушавме континуирани изговори, време е да почнеме заедно да ги решаваме проблемите. Да создадеме нови убави спомени за Скопје за нас и за идните генерации. За Скопје кое гради мостови на соживот и солидарност. За Скопје кое не сплотува, а не кое разделува. За Скопје на сите нас.
Токму затоа, вечерва уште еднаш ја барам вашата поддршка на 17 октомври. Заедно да покажеме дека скопјани се одлучни и бараат промени. Вие драги скопјани со сета поддршка која ми ја дадовте во изминатиот период покажавте дека ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ.
Промена е голем збор, тоа значи дека се бориме за нови подобри решенија.
Кога ги гледаме неасфалтираните улици, поплавите дури и низ центарот на градот, нефункционалната фекална и атмосферска канализација, стотиците диви депонии насекаде низ Скопје, недостатокот на вода за пиење во делови од градот. ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ.
Штом младите луѓе не ја гледаат својата перспектива овде, бараат начин да заминат. ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ.
Кога гледате дека ви ги ветуваат истите работи за кои ја добија вашата поддршка пред четири години, а ништо не реализираа. ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ.
Ве повикувам вас кои сте разочарани од политика, кои никогаш не сте излегле на гласање, вие кои сте изгубиле надеж, вие кои сте гласале за власта, но ги изневериле вашите очекувања. Да покажеме дека сме силни и одлучни.
Бројот 82 ќе донесе промени за модерно Скопје, за промени уште во првиот круг.
Во недела гласно да покажеме дека овие избори не се политика, туку се избори за нашето Скопје, за нашиот живот. Овие избори се за нашето секојдневие, за решавање на нашите проблеми и пред се за брзи, квалитетни и сигурни решенија.
Заедно ќе успееме!
За поубава иднина за Скопје!
За модерно Скопје!