Арсовска: Директорите наследија презадолжени јавни претпријатија – се трошело како да ќе нема утре

Јавните претпријатија се презадолжени. На пример ЈСП е во загуба од три милиони евра. Сега треба да се консолидира. Се трошело безумно, се трошело како да ќе нема утре, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на емисијата Вин Вин на ТВ Телма.

Според неа директорите на јавните претпријатија се кус временски период за да може да се даде конкретен резултат, но нема да има непродуктивни трошоци.

– Луѓето мора да бидат свесни дека некој овие претпријатија ги донел до раб на пропаст. Граѓаните мора да имаат добри услуги, најдобри. И тоа ќе го добијат, додаде Арсовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.