Арсовска: Економската криза ќе се прелие и во 2021-ва година

34

Претседателка на Сојуз на Стопански комори на Македонија, Данела Арсовска во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 вели дека проекцијата на ММФ за пад од 4 проценти ќе подложи на извесна ревизија бидејќи во Македонија се уште не е на повидок крај на економската, но и на здравствената криза, за разлика од останатите земји.

-Реалниот сектор има свои проекции, нашите проекции од самиот старт за април месец беше дека падот ќе биде некаде од 4 проценти, што е на линија некаде на она кое што ММФ го проектираше. Но, она што е уште позначајно е што верувам дека ќе подложи на извесна ревизија затоа што во моментот кај нас за разлика од останатите земји, ние гледаме дека не е на повидок завршување на оваа криза и на здравствен и на економски план, вели Арсовска.

Арсовска посочи дека доколку се имаше извесни мерки кои што би значеле финансиска помош за стопанството ќе можело да се зборува за враќање на економијата во нормала, истакнувајќи дека сега се зборува за опоравување на среден рок односно како што рече таа дефинитивно економската криза ќе се прелие ова и 2021 година.

-Затоа што во овој момент ние веќе навлеговме во третиот квартал, до четвртиот квартал јас не верувам дека ќе успееме да се вратиме назад. Ние зборувавме дека можеме да спречиме доколку се има извесни мерки кои што ќе влеат финансиска помош во стопанството да има враќање на економијата во нормала, но сега повеќе зборуваме за опоравување на среден рок што значи дека дефинитивно ќе се прелие ова и 2021 година, објасни Арсовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.