Арсовска го стопираше тендерот за автобуско метро во Скопје

Град Скопје со стопираше тендерот за автобуско метро во Скопје или БРТ (Брз рапит транзит).

Градоначалничката Данела Арсовска, уште кога ја презеде функцијата најави укинување на проектот.

-БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното, велат од Град Скопје.

Првата претквалификациона фаза на меѓународниот тендер траеше до 14 декември.