Арсовска: Граѓаните да се среќни, годинава да биде подобра од минатата

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска, од пред Соборниот храм каде се одржа централната свечена божествена литургија по повод Христово раѓање – Божиќ, им го честита празникот на сите православни христијани.

„На граѓаните би сакала да им посакам да бидат среќни, со добро здравје, весели, да живеат во благостојба, оваа година да биде подобра од минатата. Се надевам дека 2023-та ќе биде година во која ќе си помагаме, ќе бидеме хумани и солидарни, со што ќе ја направиме земјава подобро место за живеење“, изјави Арсовска по завршувањето на литургијата.

Со литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а покрај голем број граѓани, присуствуваа и претставници од јавниот и политичкиот живот.