Арсовска и ЈСП за една недела треба да реферираат за јавниот градски превоз

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) имаат рок од седум дена, на градскиот Совет да му достават информации за јавниот градски превоз.

Градоначалничката и ЈСП треба да кажат каква е актуелната состојба во јавниот превод во Скопје, состојбата во состојбата во ЈСП, како и на начинот на организација и реализација на јавниот градски превоз.

Приватните превозници неколку денови го блокираа главниот град, а вчера најавија дека ги повлекуваат блокадите околу седиштето на Град Скопје.

Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ денеска изјави дека официјално поднеле барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба, откако го испочитував неговиот предлог за деблокада на булеварите во Скопје.

Ковачевски вчера изјави дека ќе го прифати барањето за средба, но откако ќе се создадат услови за дијалог и превозниците ги отстранат блокадите од улиците на главниот град.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.