30.8 C
Skopje
четврток, јули 7, 2022

Арсовска и Стојкоски во посета на дневните центри за лица со попреченост „Порака“ во Волково

Градоначалничката на градот Скопје денеска беше во посета на дневните центри за лица со попреченост Порака во Волково.

Таа во посетата беше со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Денес заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги посетивме дневните центри за лица со попреченост Порака во Волково. Лицата со попреченост во центрите секојдневно работат на свои насади од раноградинарски култури, како и на бројни други работни активности.

Во дневните центри редовно се практикуваат овие едукативни работилници кои имаат за цел оспособување за самостојно живеење, како и промовирање на корисноста на лицата со пречки во интелектуалниот развој во општеството, но и нивната функција да им помагаат на нивните родители да го организираат својот живот и да можат да ги извршуваат секојдневните обврски, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.