Арсовска на традиционалното одбележување на празникот свети Трифун во село Кучково

По повод христијанскиот празник Свети Труфун, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска присуствуваа на традиционалното закројување на лозови насади во скопско Кучково, општина Ѓорче Петров.

Традиционално, овој христијански празник се чествува во скопското село Кучково, во манастриот кој е посветен на големиот маченик и исцелител  Свети Трифун.

Градоначалничката Арсовска го честита празникот кој секоја година се одбележува во чест  на Св.Трифун, заштитникот на лозарите, посакувајќи бериќетна година за сите.

„На одбележувањето на христијанскиот празник свет Трифун истакнувам желба за добро здравје и богат род на лозјата“,  кажа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Свети Трифун е празник на лозарите, за плодност на лозјето, но како и секој празник, е празник за здравје во семејството.