Арсовска: Нови 50 проекти за подобра кондиција на фирмите

Даниела Арсовска е новата претседателка на Сојузот на стопански комори. Таа во наредните две години ќе ги води бизнисмените. Главен приоритет ќе и биде да ја засили кондицијата на фирмите. Во интервју за МРТ, Арсовска најави 50 нови проекти…

Во новиот мандат, како што истакна ќе се концентрира на економскиот раст на компаниите- членови, нивна институционална поддршка и организационо јакнење на Сојузот на стопански комори како една од водечките деловни мрежи во Македонија.

Како нејзин голем успех и се припишува тоа што како претседател на Услужната комора, драстично се зголеми бројот на членки. Очекува дека таа успешна слика ќе ја пренесе на целиот Сојуз.

„Имаме конкретна програма која денеска ја презентиравме на самото Собрание. Таа содржи 23 точки преку кои промовираме над 50 проекти кои планираме да ги реализираме за нашите членови, а поголемиот дел од нив претпоставуваат соработка со сите институции во државата,“ изјави Арсовска во интервју за МРТВ.