Арсовска: Олигархијата си стави олигарх да одлучува за предлог-мерки за финансиска помош

Зошто е важно во советодавните тела на Министерство за финансии да има претставници од сите релевантни комори, а не само на една комора:

1️⃣ Ако Анѓушев станал член на Советот за фискални мерки во Министерството, според негова изјава за национален медиум, на покана на министерката Нина Ангеловска, како претставник на Стопанската комора да ги претставува ставовите на таа комора, тоа е чиста селективност и дискриминација. Сојузот на стопански комори на Македонија и другите комори немаат добиено таква покана и им е скратена можноста директно да придонесат за подобри мерки за спас на економијата.

2️⃣ Министерката вчера по неколку обиди да даде јасен одговор како Анѓушев станал член на ова тело, ја демантираше неговата изјава и рече дека тој во советот е поканет како експерт и бизнисмен, а не како претставник на комора.

3️⃣ И во двата случаи, тој е единствениот таков “експерт” олигарх во тоа тело избран од министерката, со што му е дадена единствена можност да учествува во креирањето на политиките и предлог-мерки за финансиска помош и спас застапувајќи ставови на #ОЛИГАРХИЈАТА.

✅ Малите претпријатија се најбројни и немаат милиони, ниту исти можности како олигарсите, и затоа е круцијално да постојат нивни претставници во советодавните тела, кои ќе овозможат еднакво и рамноправно да се слушне и нивниот глас во креирањето на политиките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.