Кандидатот за градоначалник на Скопје Данела Арсовска преку статус на Фејсбук пишува дека да се разговара со човек како Нусрет Дишо Улку, еден од најпознатите турски писатели на Балканот, книжевен деец кој на книжевното поле со своите 84 години, е активен и твори повеќе од шеесет години, е посебен дар.
-Да се разговара со човек како Нусрет Дишо Улку, еден од најпознатите турски писатели на Балканот, книжевен деец кој на книжевното поле со своите 84 години, е активен и твори повеќе од шеесет години, е посебен дар.
Ми раскажуваше за неговите почетоци како новинар и уредник во весникот „Бирлик“ и списанијата за деца на турски јазик „Севинч“ и „Томурџук“ и за тоа како се развивала турската книжевност и култура во Македонија низ годините додека творел.
Нусрет Дишо со посебни емоции ја сподели својата приврзаност и љубов кон нашето Скопје, велејќи дека ниту еден друг град не може да ја замени неговата убавина, што дополнително ми дава мотив заедно да делуваме за Скопје, како град во кој ќе се почитуваат и унапредуваат културните разноликости кои се срцето на овој град.
Неговата поддршка ми е мотив за победа. Teşekkür ediyorum.
#ДанелаЗаСкопје, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.