Арсовска: Противкандидатот тера само црна кампања, но ќе го победам со 30 илјади гласови разлика

Кога оваа кампања од кампања за локални избори противкандидатот ја направи црна кампања, наместо да им се каже на граѓаните што ќе прави за нив се виде кој каков интерес има, рече независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Според неа наместо за визии, идеи се зборуваше за се друго само не за тоа што треба, како за името, за бугарско државјанство.

„Од своето раѓање до денес јас моето име не го дадов, името ми е од името на дедо Дане. Од другата страна имате чоек кој се што кажал излажал, затоа се што зборуваат за мене се манипулации и лаги. Јас знам само дека овие манипулации и лаги ќе се докажат. Од другата страна има луѓе во очај, а сега нив ќе ги победам со 30 илјади гласови разлика“, рече Арсовска додавајќи дека ќе ги тужи за сите кажувања како и за она за бугарското државјанство.

Многу медиуми извадија многу информации, рече таа, и додаде дека ова го прават бидејќи премиерот Заев рече ќе ја депонира оставката.

„Знаеме зошто се толку големи нападите. Заев рече ако го загубат Скопје ќе поднесе оставка“, рече Арсовска.

Говорејќи за најавените тужби таа рече дека се подготвуваат предмети и оти таа не отстапува од тоа.

Арсовска говорејќи за салата Расадник рече „јас веќе поднесов тужба, јас сум била менаџер во многу претпријатија и секаде имало успех, оваа сала била во моето портфолио пред 20 години, а кажувањата се невистина  за Расадник и за ова поднесов тужба“,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.