Арсовска: Ситуацијата во економијата е повеќе од сериозна и алармантна

100

Ситуацијата е повеќе од сериозна и алармантна, предупредува претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска во синоќешното издание на „Што не е јасно?“. Нивните анализи покажале дека 99 проценти од компаниите се навистина засегнати од здравствената и економска криза предизвикана од Ковид 19 епидемијата.

-Половината од компаниите, односно околу 49 имаат намалени приходи за 80 до 100 проценти. Ова се навистина загрижувачки бројки. Ако економскиот циклус застане, ќе биде многу тешко да се отпочне повторно од нивото на кое ќе се вратат компаниите, на она ниво каде што биле пред кризата. Над 80 отсто од претпријатијата се изјаснија дека тие немаат друга алтернатива, односно да ја преадаптираат дејноста која ја вршат да ја вршат на друг начин. А и кажаа дека не можат плати за мај да исплатат, а јуни тече, предупредува Арсовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.