Арсовска склучила договор за 22.764 евра со Наталија Митовска од Инфомакс

Сепак, скопската градоначалничка, освен вантрешни, има и надворешни соработници, кои се ангажаирани на одредени проекти, пишува неделникот Фокус.

Според документите со кои располага Фокус, една од надворешните соработиници со кои склучила договор Арсовска е Наталија Митовска, сопственичка на продукцијата „Трипл Диџит Продакшн“, која од град Скопје е ангажирана да го реализира проектот „Ритам на чаршијата“ во вкупна парична вредност од 22.764 евра во време траење од една година.

Според договорот, додека трае проектот, Митова ќе добива по 55.000 денари на месечно ниво.