Арсовска: Скопје тоне во диви депонии, некој не сака да бидат исчистени, но ние ќе ги исчистиме за 82 дена

Диви депонии има во секое населено место, градот тоне во смет и во депонии што никнуваат насекаде. Денеска, при посета на Матка и Езерото Треска наидовме на две диви депонии кои некој не сака да ги види, а уште помалку да ги исчисти, објави на социјалната мрежа кандидатката за градоначалник, Данела Арсовска.

Дали ова се истите тие депонии за кои актуелниот градоначалник вели дека се исчистени. Ова е реалната слика за Скопје денес. Град кој се дави во смет и диви депонии. Постојани контроли, инспекции и грижа да не се појават повторно, треба да биде секојдневна обврска на градот. Чистењето на градот и околината од дивите депонии е еден од приоритети на Програмата на Данела Арсовска, За модерно Скопје.

-До мене секој ден пристигнуваат фотографии од депонии од различни локации. Некои од нив секојдневно се палат, го загадуваат воздухот, почвата и подземните води и ги загрозуваат нашите животи. Ваква не смее да биде иднината на Скопје и скопјани. Токму затоа чистењето на депониите е еден од приоритетите во мојата програма. Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина, вели Арсовска.