Арсовска со своето недолично однесување ја злоупотреби говорницата да навредува луѓе

Јас бев непријатно изненаден од вчерашното однесување на градоначалничката. Инаку градоначалничката Арсовска е многу пасивна кога станува збор за учество во работата на Советот. Не се случило мислам ретко кога, па дури и невообичаено е да образложи некој предлог. најголемиот број на предлози по кои што расправа и гласа Советот или советниците, доаѓа од Кабинет на градоначалник“, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје во гостување во утринска емисија на Радио Лидер, пренесува НетПрес.

Славески додаде дека градоначалничката Арсовска во неколку наврати само во Советот ќе предизвикаше некој инцидент карајќи се со координаторката на советничката група на СДСМ, госпоѓата Јанчева и ќе го направеше истото она што го направи и вчера, односно ќе си заминеше.

„Вчера јас бев доведен во една во една многу непријатна ситуација како претседател на Советот да морам да опоменам градоначалник. Значи вчера се случи и преседан, наместо да седне на своето почесно место, столче во првиот ред како што било уште од 1946-та година со градоначалниците на Собрание на Град Скопје сега нели Совет на Град Скопје, таа отиде кај техничкиот персонал каде што нема микрофон, па треба да ја препрашуваш во однос на тоа дали сака збор, прифаќа, не прифаќа итн.“, појасни Славески.

„Во нејзиниот наводен одговор на советничко прашање поставено од советникот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, господинот Луке Галески, тој беше прв од пријавените, градоначалничката започна да спомнува имиња на личности на политички лидери и да ги напаѓа кои што ниту се поканети тука, ниту се присутни. А, како што слушна јавноста тоа беше вака доста пренесено од медиумите и беше тема на денот вчера 3-4 пати запраша таа каде си, што си, зошто се криеш, итн. а, тука поканети се нејзиниот тим, раководители на сектори, директори на јавни претпријатија, итн. Поради тоа морав во еден момент да го исклучам микрофонот“, рече претседателот на Советот на Град Скопје.

Тој посочи дека беше доста невообичаено однесувањето на градоначалничката на вчерашната советничка седница.

„Госпоѓата Арсовска за жал ја злоупотреби говорницата, го злоупотреби подиумот, го злоупотреби Советот, и затоа јас требаше да реагирам со умерена реакција“, појасни Славески.