Арсовска вели проектот БРТ ќе беше еден тип на еколошка катастрофа за градот

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во Тема на денот на Сител во врска со БРТ проектот рече дека би бил еден вид на еколошка катастрофа за градот и дека лукративни се причините за наметнување на овој проект.

-Според тие информации кои ги имаме ние проектот на БРТ ќе беше еден тип на своевидна еколошка катастрофа за градот. Затоа што додека Шилегов четири години од сега наназад говореше во својот мандат дека средишното зеленило по Партизанска е главната цевка за водоснабдување на градот на питка вода, за сите граѓани на Скопје и доколку нешто се постави над него кажуваше дека таа катастрофа градот нема да може да ја поднесе, дека е голем ризик по водоводната инсталација. Тоа не е променето до ден денес. Променета е веројатно причината зошто некој сака да го избутка овој проект на сила и јас верувам дека тоа е од лукративни причини и треба одговорот да го бараме во тоа зошто некој агресивно се обидува на граѓаните да им наметне проект за кој што ниту има одлука на Советот на Град Скопје, ниту граѓаните ја избрале на својата програма и не им било презентирано, и видовме на локалните избори дека граѓаните не се одлучија за БРТ превозот, рече Арсовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.