Арсовска: Заврши времето на кражба на народни пари, скопјани заслужуваат брзи и ефикасни решенија за сите проблеми

Сите ние заедно и посветено можеме да го реализираме тоа што ни треба и за населбата, општината и за Скопје, рече Данела Арсовска на вечерашниот митинг во општина Карпош.

„Ќе се избориме за вистинското. И не само за Карпош, туку и за вистинското за Скопје. Верувам дека  треба да се даде шанса на некој кој не е политичар. Кога ќе се договориме што треба, заеднички и ќе делуваме“, рече Арсовска.

Таа посочи дека сега никој не ги слуша ниту граѓаните, ниту гледа што е потребно за населбите, општините и Скопје во целина.

„Ние заедно ќе ја исцртаме иднината, ќе го направиме Генералниот урбанистички план, сите треба убаво да живееме, Скопје треба да биде убаво место за живеење“, потенцираше Арсовска.

Според неа скопјани заслужуваат да можат брзо да ги завршат сите работи за кратко време.

„Доста беше од бирократија и “не сум надлежен”. Има луѓе кои знаат, чесни се и професионални“, додаде таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.