Арсовски: Ако нема вакцинирани функционери, нека ги декласифицираат списоците на вакцинирани

Ако нема вакцинирани функционери и ако нема скриени работи, тогаш за власта не би имало проблем да декласифицира и да покаже кој се има вакцинирано досега, бидејќи вакцини нема доволно и медицински лица кои се први на фронтот чекаат на ред за вакцинација, изјави во „Само Вистина“ на Канал 5 портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски истакна дека со првите вакцини кои ги добивме преку Србија и првите руски не знаеме кој се имал пристап до нив да се имунизира, а во исто време самата премиерка на Србија која донираше вакцини за Македонија, јавно на телевизија потенцираше дека во земјава има илегална вакцинација.

– Пред неколку дена гледаме на странски медиум излегоа информации за одредени луѓе од власта дека биле вакцинирани, Доколку немало скриени работи во однос на вакцинацијата ќе излезеа и ќе ги декласифицираа списоците на имунизирани луѓе. Познавам медицински лица кои не стигнале за вакцинација, а доколку некој било кој друг не е во првата линија против корона вирусот не се вакцинирал, а други се вакцинирале тоа е сериозен скандал и уште една причина да си поднесе оставка Венко Филипче, рече Арсовски.

Во однос на денешните препукувања помеѓу Пендаровски и Филипче, Арсовски потенцираше дека тоа не е за чудење, но тоа што Пендаровски вели дека е срам за државата, а Филипче солидарност, не е срам за државата, туку за власта која е неспособна да ги заштити граѓаните.

-Имавме многу убава држава, со народ кој си ја сака државата. Ова е срам за неспособната влада на СДСМ. Се задоцни многу со вакцините и не чини животи. Пендаровски колку и да сака да биде народен и да покаже дека е различен од СДСМ, сепак во даден момент бидејќи го држат на краток ланец како полтрон на СДСМ, кога и да го потегнат тој ги менува своите ставови како и за потпишување на секој еден закон. Викаше дека пописот треба да се одложи, а кога требаше да го потпише Законот веднаш го потпиша, иако имаш свој став. Тоа е сепак човекот кој кажа дека ако не е претседател би се отселил од Македонија, нагласи Арсовски.