6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Арсовски: Потегот на Богоевски треба да го следат и други од власта

На довчерашниот пратеник од владејачкото мнозинство Павле Богоевски мора да му се честита за оставкатам, но истото треба да го сторат и другите претставници на власта поради сето она што го направија изминатите две години, рече во средата вечерта портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во своето гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Арсовски притоа изрази надеж дека Богоевски сега од позиција на граѓански активист ќе биде повеќе критички настроен кон власта отколку што беше како пратеника поради како што вели политиките на СДСМ кои се спротивни од интересите на граѓаните.

Секоја чест за оставката, можеби е поттик за неговите сопартијци кои во изминативе две години направија повеќе дела за кои треба да поднесат оставка. Му посакувам среќа на Павле Богоевски во граѓанскиот активизам, можеби ќе ги оствари целите како што се демократизација на општеството и борба против секоја власт која работи спротивно од интересите на граѓаните. Еве ти ја шансата, сега имаш шанса, имаме власт која работи спротивно од интересите на граѓаните. Очекувам токму она да го покажеш што го кажа дека е многу полесно и поразлично да се работи како граѓански активист отколку да дејствуваш како пратеник. Како што самиот кажа како граѓански активист делуваш независно се бориш за одредени цели, а како пратеник од редовите на СДСМ за жал слушаш наредби кои што мораш да ги исполниш, рече Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.