Арсовски: Дали дрогата е превезувана со фирма на фамилијата Заеви?

ВМРО-ДПМНЕ трет ден бара одговори на прашањата поставени до премиерот и неговото семејство поврзани со аферата, како што ја нарече, „Картел Заеви“.

Партијат прашува дали во аферата се вмешан Трајче Заев и Бобан Заев братучеди на премиерот Зоран Заев?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешната прес-конференција рече дека фактите  говорат дека аферата е директно поврзана со семејството Заеви.

-Запленета е дрога – марихуана, во вредност од над 800.000 евра, која ја превезувале возачот на Трајче Заев, Ушилковски, оној кој како што знаете на сред рекорд шерифски паркираше со Трајче Заев најнов Мајбах, додека шефот му одеше во шопинг, како и командирот на ПС Прилеп Кире Чипсио Спиркоски кој е важен кадар на СДСМ, Оливер Спасовски и Зоран Заев. Запленетата дрога била превезувана во бело комбе со грчки таблици, на име на фирма која што јавно прашавме дали има партнерски односи со фирма на Заеви? Дрогата доаѓала директно од фирмата „Медикал 420” од Битола, фирма чија лиценца ја потпиша и одобри лично Зоран Заев како премиер, каде што при увидот според наши информации фалеле над 10.000 стебла со марихуана, односно тоа се повеќе од 200 килограми марихуана. Секое стебло мора да има свој евидентен број, а овде фалеле над 10.000 стебла замислете колкава е таа бројка – рече Арсовски и праша:.

– Дали комбето со кое е превезувана марихуаната од нарко дилерите Ушилковски и Чипсио е во сопственост на фирма партнер на Трајче и Бобан Заеви?Зошто едноставно не одговорат со ДА или НЕ од нарко картелот Заеви за ова прашање? Зошто Трајче и Бобан Заеви не ги затворат дилемите и веднаш не излезат да одговорат на прашање?Јас ќе ви кажам зошто. Затоа што имаат путер на главата и затоа молчат. Ако не се веќе отидени на принуден одмор на некоја луксузна дестинација и овие двајца братучеди на Заев како што пишуваат медиумите. Па така, еве, и тоа да прашаме, дали можеби Трајче Заев не е заминат во Дубаи и е надвор од државата?

Арсовски потсети и на фактот дека Трајче и Бобан Заеви се сопственици на фирма основана во 2019 година во Петрич со име „Медикал 420 БГ”.

-Дали е ова случајност со овие две фирми или има и поврзаност? Тоа треба да одговорат од власта и од нарко картелот Заеви и тоа што побрзо.И за крај да потенцирам, кога Зоран Заев велеше дека марихуаната лечела, изгледа мислел на лечење на неговата алчност и нагони за криминал преку правење нелегално пари со дрога.Овој нарко картел Заеви, како и секој друг нарко картел во светот, треба веднаш да се разбие и да заврши во затвор. Конечно државата треба да се одземе од рацете на мафијата и да се врати во рацете на граѓаните – рече Арсовски.