20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Арсовски: Дали е точно дека камионите на „Јавор шпед“- бизнис партнер на Заеви возат за Дрисла?

Зоран Заев и СДСМ се фатија во сопствената лага во врска со скандалот со медицински отпад во Дрисла. Вистината за скандалот во Дрисла полека излегува на површина дека всушност главната вина за целиот скандал лежи во СДСМ, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Член на надзорен одбор и со огромна моќ на одлучување во Дрисла изминатите 2 години додека отпадот завршувал во Дрисла е членот на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев, тоа е Драги Давчевски. Каква одговорност ќе сноси Драги Давчевски и дали е повикан на распит во обвинителството бидејќи како што знаеме отворен е случај за овој скандал? Заменик директор во Дрисла до пред 6 месеци беше близок пријател и соработник на Зоран Заев од Струмица, рече Арсовски и додаде:

„Каква одговорност ќе сноси овој човек и дали и тој е повикан на распит во обвинителството? Прашуваме, дали е вистина дека во Дрисла возат камионите на бизнис партнерот на фамилијата Заеви и близок соработник на Заев и брат му Вице Заев, сопственикот на фирмата Јавор Шпед, Горан Крстев? Фирмата ЕКО КЛУБ е јасно во каква бизнис релација е со СДСМ и со Зоран Заев. Над 130 милиони денари од над 60 тендери во само една година добила оваа фирма од страна на државата и институциите“.

СДСМ и Заев, подвлече тој, се фатија во сопствената лага.

-Се виде кому не му е важно здравјето на граѓаните и кој нема никаков проблем ниту пак грам совест да ги труе скопјани, а воедно лицемерно да лаже на прес конференции дека тоа всшност го правело ВМРО-ДПМНЕ. Како се ближат изборите се повеќе трокира пи ар машинеријата на СДСМ и Заев и се повеќе се фаќаат во сопствените лаги. Очекуваме брза разрешница за целиот овој случај од Јавното обвинителство и очекуваме одговорност од сите инволвирани и тоа веднаш да не се одолговлекува овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.