Арсовски: Дали Заев не воведува еколошка такса за петрол кокс само затоа што негова фирма го користи?

Лицемерието на Заев и СДСМ со воведувањето на еколошката такса за горивата, односно покачувањето на цената на горивата за граѓаните се покажува на дело, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Сакаат преку граѓаните годишно да исцедат над 50 милиони евра и нормално после тоа да ги испокрадат преку тендери, впрочем како што правеа и досега. Згора на се, најинтересно е што Заев сака да воведе нови давачки за цената на горивата за граѓаните со европско знаменце, само за да се осигураат дека побрзо би изгласале се, за побрзо да ги испљкачкаат граѓаните. Но, она што е најинтересно, деривати и енергенси кои загадуваат десетици пати повеќе, не се воведува за нив еколошка такса, од едноставна причина што, според нашите информации фамилијата на власт Заеви не сака да дадат, туку сакаат да земат. Замислете, според нашите информации петрол коксот што се увезува, или нафтениот кокс познат во јавноста, загадува десетици пати повеќе од горивото кое што го возат граѓаните, а го користат многу фабрики низ Македонија, но главниот интерес според нашите информации за невоведување на еколошка такса за овој дериват, односно енергенс е токму кај семејството Заеви. Нивната циглана ЕЛЕНИЦА, годишно троши над 3500 тони петрол кокс според нашите информации, а дали е точна оваа бројка или се работи за повеќе треба менаџментот од Заеви да каже, а да потсетиме дека во 2019 година беше укината акцизата за петрол кокс согласно законот за акцизи член 49 став 2, повеќето фирми во државава, кои што го користат петрол коксот а загадува многу повеќе, меѓу кои и Еленица која што е циглана на семејството Заеви се ослободени од акцизи. Еве јавно прашуваме дали Еленица користи петрол кокс и дали е амнестирана од овие давачки? Акцизата во просек излегувала околу 45-50 евра по тон петрол кокс зависно од јачината на енергенсот, што знаци дека на контото на Заеви со укинување на оваа давачка одат над 170.000 евра годишно. Наместо да дадат на државата за тоа што загадуваат, тие практично земаат. Ете, почитувани граѓани, ова е суровата реалност, додека вие плаќате повисоки цени на горива, некој таму од семејството Заеви си има повластени давачки, односно не дава пари, односно акцизи за тоа што увезува вакви деривати, енергенси, а загадува. Давачки од 4.13 денари по литар гориво за граѓаните, а повластен однос каде што се укинуваат давачки за многу фирми во Македонија каде што интерес има и семејството на власт. Само да споредба, над 100.000 тони годишно се увезува петрол кокс во Македонија за сите фирми, Заев ги укина акцизите кои се милионски, за да удри по џебот на граѓаните и тие пари да ги надокнадува преку обичниот граѓанин кој што мака мачи секој месец, истакна Арсовски.

Повторно и повторно ќе потенцирам, ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин ќе го блокира ова покачување на цените на горивата за граѓаните, додаде тој.