Арсовски до Кузеска: Сами сте во ова, сите партии и албанскиот блок го осудуваат вашиот лидер

Со Зоран Заев имаме сериозно искуство минативе години, кога Заев преговарал, како преговарал и што договорил. И со Преспанскиот договор тој велеше сѐ е заштитено за да на крај видиме дека не само што не е заштитено туку и го смени Уставот на Република Македонија и уставното име. Значи Заев стручно може да се класифицира во патолошки лажго и затоа не треба да му се верува што кажува, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Затоа поучени од искуството од минатото сега не му веруваме што преговара, рече Арсовски.
Нека излезе нека каже што преговара, а не да го замајува народот.

-ВМРО-ДПМНЕ работи за македонскиот народ, за зачувување на националните интереси, како и за македонската држава и се бори ревносно за тоа. А оној кој одработува за кој било странски центар е господинот Зоран Заев, рече Арсовски.

-Свесни ли сте дека сте сами во целиот овој процес? Сите политички партии, вклучително и вашите коалициони партнери го осудуваат вашиот лидер, претседателот на партијата дека не е во ред ова што го прави. Свесни ли сте дека албанските партии повеќе се борат за заштита на македонскиот идентитет, јазик и историја, изјави Арсовски.