Арсовски до СДСМ: Дали советите од 20.000 евра ќе доведат до нов бонбона бизнис?

Дваесет илјади евра годишно граѓаните на Македонија ќе го плаќаат српскиот мешетар Александар Обрадовиќ кој ќе биде специјален советник во јавниот оператор ЕЛЕМ, обвини во четвртокот Димче Арсовски, потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што ќе бидат советите на Обрадовиќ кој е ангажиран во Владата на Република Македонија, а е вдомен во ЕЛЕМ? Дали советите од 20.000 евра ќе доведат до нов бонбона бизнис за СДС во кој мета ќе биде продажбата на ЕЛЕМ? На кој начин Александар Обрадовиќ ќе ја заработи платата од 1.700 евра бруто плата која му се исплаќа директ од џебот на граѓаните“, праша Арсовски.

Посочи дека со платата на Обрадовиќ од 20.000 евра може да се исплатат 50 стипендии за најдобрите студенти или, пак, да се даде помош од 500 евра на 40 социјално загрозени семејства.

„Замислете, Заев крати од Буџетот средства за капитални инвестиции, градинки, студентски домови, факултети и други ставки, а му дава 20.000 евра плата на мешетарот Александар Обрадовиќ. Дали на Заев поважни му се Обрадовиќ и Башановиќ отколку студентите на кои им ветуваше брда и долини, а сеуште не добиваат ништо, или пак граѓаните чија доверба ја изигра уште во првите сто дена“, повторно праша Арсовски.

Потсети дека од медиумските написи и во земјата и во странство Александар Обрадовиќ на јавноста ѝ е познат како неуспешен кадар во српската влада за кој својствен е недомаќинскиот начин на работење.

„Обрадовиќ кој е вработен во владата, за да се вдоми во ЕЛЕМ и да почне да го спроведува планот на спрегата Заев-Обрадовиќ-Башановиќ, насилно избрка двајца советници на директорот на ЕЛЕМ од своите канцеларии“, истакна Арсовски.

Предупреди дека вавката „раскалашеноста на владата на Заев“ ѝ носи фатални и катастрофални последици на македонската економија, како и дека неконтролираното трошење на пари од Буџетот ќе доведе до крах во економијата.

„Неспособноста на владата на Зоран Заев веќе ја препознаа граѓаните. Затоа на 15-ти октомври, граѓаните ќе ги казнат за сите грешни совети од Обрадовиќ, Башановиќ и сите останати твитер и естрадни советници“, заклучи Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.