Арсовски до Заев: Не се труди, ВМРО-ДПМНЕ ќе ве исчисти

Изјавата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев дека по вториот круг на претседателските избори ќе спровел „чистка“ во Владата наиде на бројни реакции на социјалните мрежи, меѓу кои и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, кој на Заев му порача дека по парламентарните избори опозицијата ќе на „смете“ актуелната власт.

„Заев ќе правел чистка
Седи чоек не се мачи и онака ВМРО-ДПМНЕ ќе ве исчисти до еден после парламентарни“, напиша Арсовски.