Арсовски: Говориме против Заев, тоj е лично одговорен за се што се случува, мораме да бидеме гласот на револтот на народот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, вечерва во 24 Анализа во Телевизија 24, истакна дека во фокусот на говорењето на ВМРО-ДПМНЕ е Заев затоа што е лично одговорен за се што се случува во земјава, како и тоа дека опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ мора да биде гласот на револтот кој доаѓа од народот.

-Во ниту едно наше излагање никој не си дозволил да шири говор на омраза, особено не кога ќе се работи за персонификација или спомнување на некое име од власта, а честото спомнување на Зоран Заев е затоа што тој е главата на се што ни се случува во моментов во Македонија, па по тоа Зоран Заев е лично одговорен за секоја одлука која ја носи Владата, вели Арсовски.

Тој потенцираше дека во главниот фокус нормално е да биде Зоран Заев, затоа што се она што се случува во државата потекнува од него, па по тоа има многу работи кои му замеруваат и граѓаните и политичките опоненти, пример ако почнеме од неговото потесно семејство, кои што управуваат со многу бизниси кои се поврзани со сомнителни зделки, кои се поврзани со многу тендери и многу можен криминал.

-Она што го говориме ние секојдневно е врз основа на она што граѓаните го чувствуваат и мислат, како опозиција сме гласот на народот, не би било пристојно пораки кои ми стигнуваат од граѓаните за тоа што им се случува кои имаат сериозна мака со системот со кој управува Зоран Заев, посочи Арсовски.

Арсовски истакна дека е нормално сите оние пораки кои ги добива ВМРО-ДПМНЕ од страна на граѓаните да ги артикулира во јавноста, впрочем кој е другиот начин за да им помогне некој на овие луѓе за да се чујат нивните проблеми, како и тоа дека му е драго кога одредени медиумските куќи ги пренесуваат проблемите на граѓаните.