Арсовски: Кирацовски биди маж не мажуле, тужи, на суд да ги соочиме аргументите!

101

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вели дека не му се плаши од никого, ниту, пак, од пратениккот на СДСМ Александар Кирацовски, кој испратил демант и барање за извинување и јавно повлекување до Арсовски за прес-конференција одржана на 6 септември, во која Арсовски прашува за што и кај кого сè му посредувал Кирацовски на Боки 13.

„Прво и основно што Кирацовски не го знае за мене е дека не се плашам од никого, а најмалку од него за да поставам јавно прашања во интерес на вистината и граѓаните и најмалку фамозниот Кирац ќе ме заплаши“, пишува Арсовски на својот Фејсбук статус и додава:
„Второ, во длабок очај на еден давеник во сомнеж за криминал до гуша се препознава, закани за тужби и тука на дело се гледа задушување на слободата на говор во Република Македонија. Сепак личи тоа на СДСМ.
Трето, ајде Кирацовски биди мажиште – не мажуле, свесно чекав да изминат 48 часа, ве чекам да тужите заедно со адвокатов твој, подготвен сум да ги соочиме аргументите на Суд, иако е под ваша контрола.
Да знаеш дека ќе ти ги поставам истите прашања од пресот и повторно ќе ја констатирам твојата блискост со Боки 13, документирана преку слики.
Повели тужи, ама ако не тужиш, на јавноста уште еднаш ќе и потврдиш дека само сакаш да се закануваш и да цензурираш и дека си заглавен до гуша и сé ова го правиш во очај.
Јас сум подготвен и ја чекам тужбата уште денес. Вистината е на моја страна“!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.