Арсовски: Кој делел од милионите на Зекири кои ги крадел од Влада?

Ограбувањето на државата и граѓаните од страна на Владата на СДСМ не престанува откако постои СДСМ, а најинтензивно се гледа и се чувствува на кожата на граѓаните последниве пет години.  Генералниот секретаријат на Владата на СДСМ е дувло на корупцијата и криминалот во Македонија. И тоа го говоревме од првиот ден и тоа се испостави дека е така, остакна во саботата на прес-конференција, Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски појасни дека по Драги Рашковски, сега и Мухамед Зекири е осомничен за злоупотреба на службена должност и проневера на речиси милион евра.

„И двајцата делото го сториле како генерални секретари на Влада именувани од Зоран Заев и двајцата се луѓе блиски луѓе на Зоран Заев. Едниот му е близок пријател, а другиот кумашин. Бидете сигурни дека и тој кој ќе биде назначен после Мухамед Зекири што ќе го стават, ќе заврши со кривична пријава. Тоа е така само затоа што криминалот и корупцијата им е основа на работење на СДСМ и на оваа влада предводена од СДСМ“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски додаде дека шемата во случајот на Зекири била слична како онаа на Рашковски, односно дека вториот самиот себеси си продал софтвер и го платил со народни пари, а во случајот со првиот е во притвор порди направена злоупотреба на службената положба и без спроведување соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги кој изнесува околу милион евра.

„Имено како што се пренесува во јавноста Зекири и двајца хрватски државјани во договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти тежок речиси  милион евра, бил воден како семинарски труд.

Мухамед Зекири во четири очи, без тендер во коруптивен договор со хрватските државјани за милион евра правел фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Македонски Пошти, или како што велат семинарски труд, компанија која едвај врзува крај со крај и која нема пари да исплати плати на вработените. Замислете овие 1 милион евра да биле инвестирани во Македонски Пошти, наместо во џебот на Мухамед Зекири и СДСМ, оваа институција и вработените ќе процветале“, рече Арсовски.

Додаде дека за Зекири во јавноста се зборува дека е вмешан и во безброј нелегални операции, коишто се водени од разно разни припадници на криминалот  блиски нему. Но за тоа, рече Арсовски, треба да истражи обвинителството и да докаже дали е тоа така.

„Ова милионско крадење на Зекири исто како и Рашковски не го правел сам на своја рака. Зад ова стои нивниот лоповски гуру и затоа мора да се прошири истрагата. Сите знаете кој е тој лоповски гуру. Дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а тој да не знае со години? Или пак да преформулирам, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро?“, рече Арсовски оставајќи ѝ на јавноста сама да процени.

Оттаму, повторно прашува дали и колку од парите кои ги земал Зекири околу 1 милион евра завршиле кај Заев и или кај новиот новиот премиер Димитар Ковачевски?

„За ова мора да се огласат јавно институциите и да прекинат да спијат и да прекинат да ги кријат криминалците од СДСМ не само еден човек одговара, туку да одговараат сите вмешани во целиот случај. Ова е одговорот, целиот овој случај кој вчера го гледавме по медиумите, зошто Македонија е најкорупмпираната држава во Европа. Ова е одговорот зошто Македонија е најсиромашната држава во Европа. Ова е одговорот зошто народот тоне во сиромаштија, а голтарите од СДСМ и ДУИ во власта се претвораат во милионери“, заклучи Арсовски.