Арсовски: Маричиќ ли ќе го прочистува судството, довчера со сопруга шеф на кабинет на министерот за правда и татко јавен обвинител?

118

Маричиќ, ти ли ќе го прочистуваш судството, до вчера со сопруга шеф на кабинет на министерот за правда и татко јавен обвинител? Па, што правевте четири години или бевте зафатени со хотелски коалиции, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Класична изјава на ‘фотељаш’ од СДСМ – додека неговиот сектор не си ја врши работата, Маричиќ пробува да се оправда самиот така што се мотивирал да прочистува судство.

Побогу загина човек и бремена жена изгуби дете, а ти ќе се мотивираш од овој случај и ќе шириш демагогија.

Не можете да прочистувате судство, освен да броиме жртвите од вашата неправда. Убија човек и неродено дете, а вие допрва ќе сте прочистувале“ – напиша Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.