13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Арсовски: Мора да се отворат сериозни истраги за работењето на СЈО

На власта и требаше и на Рената Дескоска и на сите останати повеќе од шест месеци да сфатат дека Катица Јанева работела лошо и нема капацитет да биде на чело на СЈО. Истата власт загуби драгоцено време за закон каде што над 60% од членовите веќе ги имаме направено и ги имаме дадено. Тоа се загубени 6 месеци каде што истиот закон, истите реформи можеа да се реализираат и имплементираат, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на новинарското прашање- Дали со вчерашната изјава на министерката за правда Рената Дескоска дека нема да инсистирате за избор на специјален јавен обвинител се отвора можност да се постигне договор за законот за јавно обвинителство?

-Дескоска призна дека Катица Јанева практично нема капацитет да ја води таа институција и тоа што Катица Јанева нема да биде односно не инсистираат да биде на чело на СЈО не е доволно. Мора да се отворат сериозни истраги и сериозни обвиненија за сите нејзини сомнежи, сите сомненија за работењето на обвинителите во СЈО, за работењето на Катица Јанева и за работењето на целата институција како СЈО како и за сите потрошени пари изминативе години. Очекуваме власта да ги сфати посериозно не само овие сите останати забелешки, да престане да губи време и да ги прифати сугестиите коишто верувајте се согласно европските закони и европските принципи согласно одредбите за човековите права на Советот на Европа. За жал досега само ги прифаќаа законот и принципите декларативно пред граѓаните, пред јавноста, пред меѓународната заедница, а не е испочитуван ниту еден од нив, рече Арсовски и додаде:

„Сега во моментот ВМРО-ДПМНЕ изработува наша сопствена верзија на законот за јавното обвинителство според оние принципи коишто веќе ги имавме дадено до нив врз основа на меѓународните документи и стандарди што ќе значи квалитет и што ќе значи еднаква правда за сите, а не селективна правда како што е сега. Тие стандарди не значат амнестија за никого, единствено во моментов се бара амнестија за Катица Јанева за нејзиното лошо работење и за нејзиното постапување без овластувањата кои што во моментов ги нема. И во делот на бомбите како што спомна министерката Рената Тренеска Дескоска вели може да се договориме, ние да ја потсетиме дека препораките на Советот на Европа се задолжителни за Република Македонија и ако добро побара одговорот е токму во тие препораки во делот за незаконски стекнатите докази“.