Арсовски: Обвинителството молчи за шверцот со пет камиони тутун на фирма на пријател на Љупчо Николовски

Јавното обвинителство молчи за шверцот на 5 камиони тутун преку Деве Баир, на фирмата „Студенац Шпед“ на Димче Тројановски, кој пак е близок пријател на Љупчо Николовски и градоначалникот на општина Крива Паланка. Фирмата блиска до Николовски направила нелегален увоз на тутун уште пред една година. Иако немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи го внела тутунот преку граничен премин Деве Баир, вели ортпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во Коментар на денот.

„Скандал од невидени размери е што Царинската управа призна, внимавајте призна дека е направен нелегален увоз, а пријателот на Николовски наместо да оди под истрага тој продолжува да го работи својот бизниси. Замислите луѓе лежат во затвор за шверц на десетина штеки цигари, а пријателот на Николовски кој направил шверц на 5 камиони се шета на слобода.

Одговорност, вели Арсовски, мора да има.

„Не само кај цариниците кои биле на смена, за шверц на пет камиони не може да се изведе без амин од највисоките структури во Царинската управа и врвот на државата.Не може да се случил шверц на пет камиони, а Љупчо Николовски да не знае. Дали Љупчо Николовски ја искористил позицијата и поднел кривична пријава или го штити Тројановски, и дали можеби и тој е дел од целата зделка и има некаква корист? ЈО мора веднаш да отвори истрага. Ова е скандал рамен на шверцот на нафта и цигари во 90 –тите кон Србија. Затоа одговорност мора да има веднаш и мора да има за сите!“, додаде Арсовски.