Арсовски: Омилениот рекетар на Заев на слобода од омилената обвинителка на Заев

Секоја нормална држава може да се пофали дека не постои криминалец што не може да го фатат, само Република Македонија на чело со Зоран Заев и СДСМ може да се пофали дека не постои криминалец што не може да го пуштат на слобода и да го ослободат од затвор, истакнува Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува неговото обраќање: 

Додека целата држава се бори како здравствено, така и економски со кризата од вирусот Ковид-19, Зоран Заев си го ослободи омилениот рекетар преку омилената обвинителка Вилма Русковска и практично со ослободувањето на обвинитети и осудените од случајот „Рекет“ сакаат да ги прикријат сите траги за кои веќе на сите им е јасно дека водат до главата на октоподот кој што беше до пред некое време во Владата.

Замислете, кога целата јавност е преокупирана со заразата од вирусот Ковид-19, Зоран Заев и Русковска прават дилови и ослободуваат вмешаните во случајот „Рекет“ само и единствено за да ги прикријат трагите и никој да не проговори за најголемиот случај на рекетирање од страна на една власт во висина од над 20 милиони евра.

Она што уште повеќе ме загрижува, а се повеќе се говори, се слуша низ судските кулоари и еве јавно прашуваме дали е точно дека веќе е договорено и ослободување на Катица Јанева од домашен притвор и пуштање на слобода, само се чека погоден момент, а се чека и најдобар тајминг за да биде пуштен од затвор во домашен притвор и прво осомничениот Бојан Јовановски-Боки 13 и практично со тоа да си го завршат Зоран Заев и Вилма Русковска својот дел од приказната?

И еве прашуваме и дали е точно дека во овие преговори за ослободување на Катица Јанева и Боки 13 учествувале директно еден близок роднина и еден адвокат на еден од  обвинетите, заедно со блиски луѓе до Зоран Заев и еден негов близок адвокат познат на јавноста по што се очекувало потоа и ослободувањето да го спроведат Вилма Русковска и Судот?

Додека луѓе умираат од Корона вирусот, Зоран Заев си ги ослободува своите работници од случајот „Рекет“. Како што реков, на Зоран Заев воопшто не му е важно дали народот ќе умира, дали ќе има за јадење или не. На Заев единствено му е важно да го ослободи целото криминално милје на кое му должи за спроведените криминалии во кои учествува и самиот.

На самиот крај сакам да ви посакам среќни Велигденски празници и верувајте сето ова кое што во моментов го гледаме, кое што не можеме да му се спротиставиме заради корона заразата многу набрзо ќе дојдат изборите и ќе му ставиме точка на целиот криминал на Зоран Заев.