Арсовски: Оставката на Бухова нема да ја спаси од одговорност што приватна очна болница оперирала на диво

Вчерашното објавување на оставката на Ирина Бухова од директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат е уште една потврда дека нејзиното директорување и раководење на институцијата е поврзано со многу скандали и криминалии, а следствено на последниот кој што го обзнанивме пред неколку дена, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Истакна дека последното во низа беше она кое што го објавивме пред неколку денови, дека дозволила, внимавајте дозволила Ирина Бухова иако имало решение за забрана на вршење на оперативна дејност на очна болница, приватна очна болница да продолжи и понатака да оперира на диво во центарот на Скопје, иако не поседувала лиценци за оперативни зафати.

-Можеме да кажеме дека едниот дел од нашата цел, да се тргне оваа директорка која не раководи добро со институцијата и ја внесе во десетици криминалии е исполнет, без разлика што не очекуваме подобро решение од власт, што би ја заменило. Но, она што е уште поважно е дека Ирина Бухова сега треба да сноси одговорност за стореното и за лошото менаџирање и сите криминали кои што се направени во таа институција. Никако, ама никако не смее, внимавајте после секој скандал на било кој директор или функционер на власта на СДСМ и ДУИ, да си поднесе оставка и тука да заврши целата приказна на одговорност. Не тоа не смее да се случи. Практика стана да даваат оставки и да мислат функционерите на СДСМ дека нема да одговараат за стореното и нерегуларното работење, бидејќи сите институции на прогон, јавно обвинителство, МВР итн. Ги штитат пошто се нивни пулени. Еве, јавно од оваа говорница да им порачаме, како политичка партија, како Димче Арсовски, најпрвин на Ирина Бухова, а потоа и на сите други кои си дадоа оставки и мислеа дека тука им завршила одговорноста, нема да биде така. Ниту едно дело нема да помине неказнето. Бидете сигурни во тоа. Никој ама баш никој нема да избега од одговорност, вели Арсовски.

Нагласи дека Ирина Бухова е само последна во низата на директори што даваат оставка.

-Или да речеме, си бараат изговори дека одамна сакала да си замине од функцијата, ама не можеле да и најдат достојна партиска замена, а всушност, Бухова си заминува во оној момент кога објавуваме огромен скандал за нејзе, каде што дозволила приватна очна болница да оперира на диво. Одговорност мора да има. Уште еднаш го повикувам Беким Сали, во најбрз можен рок, заедно со другите институции за спроведување на законите, да отвори истрага за овој случај и да ги изнесе фактите во јавност. Молкот и оставката на Бухова е само потврда за нејзиното незаконско и криминално работење. Одговорност ќе има, макар и до крајот на светот да бегаат и да се кријат функционерите од власта кои што се огрешиле пред законот, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.