Арсовски пак го повика Кирацовски да одговори за инволвираноста во „Рекет“

Денеска имаше подготвително рочиште по тужбата од страна на пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, поради, како што вели гласноговорникот на опозициската партија, смешни причини, одосно упатени прашања од негова страна на прес-конференција до Кирацовски по претходно дадена изјава по излегување од распит во судот.

„Прашања кои то ја занимаат целокупната јавност, верувам дека сѐ уште ја занимаат, бидејќи не се одговорени кој практично и ги потврди на еден начин во неговата изјава, при што и самиот Кирацовски на некој начин потврди дека се што е добро за неговиот град, тој е подготвен и е негова обврска да лобира во рамките на законот и да посредува за проекти од добробит на граѓаните“, изјави Арсовски.

Според него, кој истакна два момента – како прво, срамно е да се тужи за упатени прашања, и дека сака да се дознае вистината затоа се на суд да пронајде вистината.

„Вториот момент којшто мора да го напоменеме е дека Александар Кирацовски  во некое друго време и со некој друг јавен обвинител кој нема да биде сервилен на власта, како што е Вилма Русковска, на која што треба меѓу другото треба до крајот на животот да и пали свеќа и да се моли за нејзе, немаше да биде во судовите во својство на сведок за случајот „Рекет“, туку најверојатно ќе беше во некое друго својство“,  истакна Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повика медиумите и граѓаните да го следат случајот.

„Сѐ уште, нормално, го повикуваме и Кирацовски да ги одговори истите прашања кои што беа поставени претходно. Тоа се добро познати, која е неговата  инволвираност во случајот „Рекет“, нагласи Арсовски и додаде:

„Во однос на правосудниот систем, иако во моментов обвинителството и судството се сервилни кон актуелната власт, верувам дека за многу брзо ќе се смени тоа и граѓаните ќе можат на некој начин да ја најдат својата правда во судовите, наместо, како што во моментов се потекнува од „Илинденска бб“, односно од главата на криминалниот октопод, Зоран Заев“.